Истражувањата на овој простор започнале во 1972 – 74 година, кога е сондиран внатрешниот градски бедем. Од неговата внатрешна страна е откриена монументална градба од раноримско време врз која подоцна бил изграден нов објект со мозаичен под, а на крајот од ΙV век или почетокот од V век над него бил изграден источниот градски бедем. Во 1981 година се преземени нови истражувања, но од помал обем. Во старите истражувања објектот се нарекува „Градба со арки“.
ГРАДБА СО АРКИ
© Copyright - NI Stobi