Новата туристичка понуда користи технологија за виртуелна реалност во промоција на богатото културно наследство на Стоби. Апликацијата за виртуелна реалност Ве води на интерактивно патување низ времето и просторот, претставувајќи ги римскиот театар во својот полн капацитет, жителите на Стоби, опремата на гладијаторите, како и самите гладијаторски борби.
Достапност: прошетката е достапна на секој половина час, почнувајќи од 10:00 часот.
Цена: Виртуелно искуство — 300 ден. (+ влезница за локалитетот).
Резервација: неопходна е претходна резервација на 075 210 752 или 043 251 026, секој работен ден до 16:00 часот — или преку формата подолу.
© Copyright - NI Stobi