Историјат на истражување

Историјат на археолошките истражувања на Стоби - изберете година за да ги видите активностите и фотографиите.

1900–1940

Првите истражувачи кои ќе го убицираат Стоби на денешната локација се J. G. v. Hahn и L. Heuzey во XIX век. Дополнување на нивните извештаи се истражувањата за патиштата на Α. v. Permerstein и Н. Вулић во 1902 г.

1950–1969

Фотодокументација од истражувањата во овој период.

1970–1979

Фотодокументација од истражувањата во овој период.

1980–2007

80-тите години се обележани со археолошките истражувања на базиликите од страна на Блага Алексова како и конзервацијата на проучуваните објекти во Стоби водена од Ж. Винчиќ од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

2008

Археолошките истражувања во година беа спонзорирани од Владата на Р. Македонија, а се изведени од Музејот на Македонија под раководство на Силвана Блажевска.

2009

Систематските археолошки истражувања на античкиот град Стоби во г., опфатија 6 сектори и вкупна површина од околу 9900 м 2 . Проектот го реализираше Националната установа Стоби под раководство на диркеторот м-р Силвана Блажевска. Истражувањето е дел од капиталните археолошки проекти финансирани од Владата на Република Македонија. Применетата методологија на работа со Вилер-Кенјон систем на широк простор овозможи прецизно документирање на културните слоеви од раноримскиот, па се до рановизантискиот период. Покрај градбите, истражувањата дадоа огромен фонд на предмети, 3568 монети, околу 700 најразлични метални предмети, 150 теракотни фигурини, стакло, накит и стотици цели или фрагментирани керамични садови.

2010

Во година на Стоби се спроведени два проекти за археолошки истражувања, како и два проекти за конзервација. Носител на сите реализирани проекти е Националната установа Стоби под раководство на м-р Силвана Блажевска.

2011

Во текот на година во Стоби беа реализирани 3 проекти за археолошки истражувања и пет проекти за конзервација. Носител на сите проекти е Националната установа Стоби под раковoдство на м-р Силвана Блажевска.

2012

Археолошките истражувања во година беа финансирани во рамките на капиталните проекти на Владата на Р. Македонија и се одвиваа на пет локации: Храмот, Театарот, Епископската базилика, Западната некропола и Полукружниот плоштад.

2013

Во текот на година, Националната установа Стоби реализираше 3 проекти за археолошки ископувања и 8 проекти за конзервација на недвижно и движно археолошко наследство. Првите ископувања се одвиваа на театарот и западната некропола во текот на април, мај и јуни како дел од капиталните проекти за археолошки истражувања финансирани од Владата на Република Македонија. На Западната некропола беа откриени вкупно 13 гробови, а акцентот на истражувањата беше ставен на улицата која излегува од Порта Хераклеја и води кон југ. Со оглед на тоа што гробовите се поставени од двете нејзини страни, беа откриени нови значајни податоци за формирањето и организацијата на некрополата. Во ископуваните гробови како гробни прилози се документирани керамички садови, еден стаклен сад, повеќе теракотни фигурини и два железни стригилиси.

2020

Програмата на Националната установа Стоби за година опфати повеќе проекти од кои пет директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, додека останатите активности предвидуваат изработка на проекти и инфраструктурни зафати. Вкупно 15 проекти беа финансирани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за година, од кои 4 проекта се одложени поради кризната состојба настаната поради корона вирусот (Ковид 19).