НУ Стоби ги повикува сите заинтересирани поддржувачи да придонесат кон заштитата и презентацијата на локалитетот. Актуелни потреби:
Ticketing системите дизајнирани за посета на археолошки локалитети, се состојат од компјутерска опрема, специјално дизајниран софтвер и електронски „врати“. Компјутерската опрема заедно со софтверот овозможуваат внесување и печатење на различните типови на влезници за посета на локалитетот на лице место. Влезниците ги регистрира бар-код читачот на електронските врати. На тој начин се заштедува на печатење на влезници, се овозможува контрола и следење на посетителите кои влегуваат на локалитетот, како и точна регистрација на бројот на посетители на годишно ниво, што пак од друга страна овозможува статистички податоци за посетеноста на Стоби.
Аудио водичите на кои е снимена приказната за Стоби на повеќе светски јазици е современо и многу погодно решение за мали групи на посетители или поединци. Тоа се мали апарати, слични на мобилен телефон, со чија помош се олеснува работата на водичот.
Поставување ограда околу откриените градби и по периметарот на локалитетот, за заштита на најзначајните објекти.
За да поддржите некоја од овие потреби, контактирајте нè на +389 43 251 026 или contact@stobi.mk.
© Copyright - NI Stobi
Powered by Elbosoft Consulting DOOEL