World Monuments Day 2012 во Стоби

По повод денот посветен на грижата за светското културно наследство (World Monuments Watch Day 2012), на 22 септември во Стоби беа организирани работилници за изработка на акварели и мозаици со мотиви од локалитетот. Во настанот „Посети го Стоби – инспирирај се“ учествуваа ученици од локалните основни училишта „Даме Груев“ од Градско и „Пере Тошев“ од Росоман како и ученици од интернационалното основно училиште „Нова“ од Скопје. Погледнете ги фотографиите од настанот во нашата галерија.

Слични настани беа организирани и на останатите локалитети ширум светот кои исто така се дел од листата на World Monuments Fund за 2012. Целта на настанот е насочување на светското внимание кон културното наследство како вредност со непроценливо значење за човештвото.