Tеренска школa и работилници на локалитетот Стоби во 2011 година

Како дел од соработката помеѓу фондацијата Балканско Наследство и НУ Стоби, во текот на 2011 година се предвидени три интернационални проекти во кои партиципантите ќе стекнат основни знаења за методологијата на археолошките ископувања, конзервацијата на керамика и конзервацијата на фрески. Повеќе информации за учество можете да најдете на посочените линкови.

1. Од 12 – 25 јуни – „Работилница за конзервација, реставрација и документација на римска керамика“ (Видео 2010)

2. Од 12 – 25 јуни – „Работилница за конзервација и документација на доцноантичко ѕидно сликарство“

3. Од 3 август – 17 септември – „Интернационална археолошка школа“ (Видео 2010)