Shop

Теракотна фигурина – Дионис на лав, ран 1 век од н.е.

620.00 ден

Категорија

Опис

Релаксираната поза на голиот млад човек кој седи на грбот на лав со кантарос во едната рака, ја поврзува оваа необична теракотна фигурина со богот на виното, виновата лоза, театарот и плодноста, Дионис. Во доцниот хеленистички период Дионис често пати е преставуван како гол млад човек во опуштена или мрзелива поза на банкетар, кој ужива во добро вино. Иако Дионис вообичаено се претставува со пантер, помалку комично изведениот лав на кој е седнат, се должи веројатно на имагинацијата на мајсторот.