DIGI Heritage Hubs – Повик за учесници

Неверојатна можност за студенти и млади професионалци (18–35 години) од Европа кои работат или студираат во областа на археологија, историја, историја на уметност, музејски студии, маркетинг и менаџмент на културно наследство, дизајн, анимација, креативно пишување и компјутерски технологии – да учествуваат во шестдневна програма на DIGI хабовите на една од дестинациите за културно наследство (се избира една локација).

Возраст18–35 години
Работен јазикАнглиски
ТрошоциПокриени
Рок за пријава18.05.2025

Дестинации (изберете една)

Археолошки локалитет Стоби

Република Северна Македонија
1–6 септември 2025
Археолошки парк Виминациум

Република Србија
16–21 септември 2025

Пополни пријава →

Важно: бројот на учесници по локација е ограничен. Трошоците за меѓународно и локално патување, сместување и оброци се покриени од страна на проектот.

За програмата

Програмата DIGI Heritage Hubs претставува шестдневно интензивно искуство кое има за цел да поттикне соработка и едукација заснована на практика во областите на културното наследство и креативната индустрија, со фокус на новите технологии и дигиталните алатки кои можат да го подобрат корисничкото искуство на дестинациите од културно наследство.