Проекти на НУ Стоби во 2020 година

Програмата на Националната установа Стоби за 2020 година опфаќа повеќе проекти од кои шест директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, додека останатите активности предвидуваат изработка на проекти и инфраструктурни зафати.

Вкупно 15 проекти се финансирани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2020 година, од кои 4 проекта се одложени поради моменталната кризна состојба настаната поради корона вирусот (Ковид 19).

1. Од областа на заштита на недвижното културно наследство:

– Конзервација и реставрација на дислоцираните мозаици од археолошкиот локалитет Стоби – 1 120 000 денари;

– Тековно одржување и партнерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби – 1 280 000 денари;

– Археолошки доистражувања и изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонските остатоци на Градбата со арки во Стоби – 200 000 денари;

– Конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби – 3 500 000 денари;

– Конзерваторско реставраторски работи на Полукружниот плоштад и дуќаните на Via Sacra во Стоби – 400 000 денари;

– Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедем и археолошки доистражување на портата и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида – 1 500 000 денари.

2. Од областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство:

– Проект за археолошки истражувања на западната некропола во Стоби – 250 000 денари;

– Конзерваторски истражувања на стаклени предмети од збирката на НУ Стоби – 150 000 денари;

– Едукативен водич за деца „Стоби стар град“ – 100 000 денари;

– Конзерваторски истражувања и изработка на основен проект за заштита на метални археолошки предмети од археолошки ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година – 75 000 денари;

– Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби – 75 000 денари.

3. Од областа на инвестиционото одржување, адаптација и набавка на опрема за установата (одложени) :

– Набавка и монтажа на видео надзор на археолошкиот локалитет Стоби – 900 000 денари;

– Санација на ноќната илуминација на археолошкиот локалитет Стоби – 3 870 000 денари.

4. Од областа на литература и издавачка дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн (одложени):

– „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019“ Едиција: Студии за старините на Стоби, Серија Монографии, книгa II, Гоце Павловски – 180 000 денари;

– Изложба на скулптури од Петар Хаџи-Бошков – 800 000 денари.