Завршни фази на проектот за конзервација на живописот од Епископската базилика

Во моментот, тимот конзерватори на археолошкиот локалитет Стоби работи на фрагментите од живопис, кои во претходните фази добија соодветен заштитен третман, односно поставување на алуминиумско саќе, консолидирање на подлогата, опшивање и китирање.

Во финалната фаза која е во тек, од живописот се отстрануваат нечистотиите по хемиски и механички пат, по што, следи ретуширање и фиксирање на боениот слој.

Проектот, кој завршува на 22 август е финансиран од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на Американската амбасада во Скопје.

За фотографии од целиот процес на конзервација кликнете тука.

Поврзано:

Најстарите христијански фрески во Р. Македонија (14.12.2010)

Амбасадорски грант за заштита на културно наследство