Годишна програма на НУ Стоби за 2026 г. финансирана од Министерството за култура во 2026 г.

Годишна програма на НУ Стоби за 2026

Вкупен буџет: 9.800.000,00 денари

НУ Стоби ја објавува Годишната програма за 2026 година. Програмата опфаќа активности и проекти насочени кон заштита, конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на археолошкиот локалитет Стоби, како и проекти од музејска дејност и унапредување на условите во конзерваторската лабораторија.

Проекти од областа на заштитата на културното наследство 8.000.000,00 денари

1) Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби 2) Конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на Градбата со арки во Стоби 3) Конзервација и доистражување на архитектонските остатоци од Резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби 4) Конзерваторско – реставраторски работи и археолошки доистражувања на Северозападниот бедем во Стоби – фаза 1 5) Конзервација и реставрација на подниот мозаик во Куќата на Партениј

6)Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби 7) Реализација на Основен проект за конзервација, реставрација, конструктивно зајакнување на објект Стара железничка станица и негова адаптација во Центар за посетители – Археолошки локалитет Стоби – фаза партерно и внатрешно уредување

Проекти од областа на музејска дејност 900.000,00 денари

1) Конзервација и реставрација на opus sectile мозаична декорација на дрвен мобилијар откриен во Епископската резиденција во Стоби 2) Реализација на Основен проект за конзервација и реставрација на керамика и стакло од збирката на НУ Стоби 3) Набавка на конзерваторски материјали за лабораторија 4) Изработка на постаменти за камени споменици во лапидариум

Набавка на опрема за конзерваторска лабораторија 900.000,00 денари